Scroll
You can navigate your way with scroll up & down keys or swiping and learn more by clicking
Atlantic is a big ocean so
we thought you might
need some help finding
your way
around here.
This is your
day

Драго ми е што се одлучивте својата кариера да ја продолжите во Атлантик Група. Сигурен сум дека ќе го пронајдете своето место меѓу професионалните, амбициозните и посветените колеги и дека ќе придонесете за квалитетот на оваа компанија.

Овде во Атлантик Група квалитетот ни е битен. Многу сме горди на својот квалитет и инсистираме на него во секоја смисла. Исто така, свесни сме дека квалитетот се постигнува единствено ако секој поединечен соработник дава свој придонес. Извонредните деловни резултати се постигнуваат кога добрите деловни пракси се спроведуваат во комбинација со одличните лични односи на соработниците. Затоа, вложуваме големи напори да Ви ја дадеме поддршката што Вам ви е потребна за да работите и да се чувствувате добро.

Како што гледате, подготвивме кратка Книшка за добредојде која содржи цела низа корисни податоци и совети кои ќе ви бидат од помош. Исто така, ќе ви дадеме увид во нашите деловни начела, постапки и стремежи.

Драго ми е што се одлучивте својата кариера да ја продолжите во Атлантик Група. Пред сè – размислувајте! Преиспитувајте ги вообичаените начини на размислување, учете и немојте да се потценувате.

Горе-долу, тоа би било сè. Не сакам да ви одземам од драгоценото време. Сигурен сум дека имате многу работа.

Емил Тедески

We're Atlantic.
Take a peek under the hood and get to know what we're about.

ПЛАНИНА – РАСТ

На нашиот пат кон врвот поместуваме планини и храбро ги поминуваме препреките. На овој пат, со сите прекрасни и предизвикувачки моменти кои ги носи, секогаш тргнуваме со голема одговорност. Исчекорувајќи надвор од своите зони на сигурност, покажуваме иницијатива и ги постигнуваме нашите цели, градејќи истовремено праведен однос со нашите колеги, клиенти, партнери и  околина. Тоа е начин на којшто растеме ние самите, на тој начин растат нашите профити, бендови и пазари – во секоја смисла на зборот. Секогаш тежиме кон повисокото, качувајќи се кон врвот на планината на успехот.

 

НИЕ СМЕ НАВИСТИНА КРУПНА РИБА

Атлантик Група е една од водечките прехранбени компании во регионот на Југоисточна Европа со познати регионални стокови марки кои, заедно со асортиманот од надворешните партнери, поддржуваат силен сопствен систем на дистрибуција во регионот. Вработуваме вкупно околу 5300 луѓе.

На своите соработници, инвеститори и деловни партнери им овозможуваме безброј можности за раст, вложување и напредок. Заедно градиме визија и создаваме трајна корист, секогаш имајќи ги на ум нашите најважни вредности.

growth
passion
care
openness
Wherever we go,
we always look out for our values.

СТРАСТ – СОНЦЕ

Страста со којашто пристапуваме кон сè што работиме сјае како сонце – тоа е движечка сила која нè инспирира да вложуваме дополнителен труд и секогаш да постигнуваме подобри резултати, да го даваме најдоброто од себе за да бидеме што е можно подобри. Посветеноста и емоциите кои ги внесуваме во својата работа ни помагаат светот околу нас да го направиме подобро место. Го сакаме она што го работиме; во работата наоѓаме забава и го славиме успехот. Додека нашето срце и ум чукаат како едно, иднината е светла – сончевиот зрак пробива низ секој облак.

CARE: creating a better environment

We are a company that cares – we take care of each other, we care about the well-being of our colleague, we care about business relationships and we care what kind of world we are going to leave to the generations that come after us.

OPENNESS – creating better with open minds

Whatever we do, we never stop being curious, always fearless (you can learn even from mistakes!) and thirsty for new ideas and experiences. We embrace diversity, and different opinions knowing that they will lead us to better solutions of everyday tasks and challenges.

Take a look at our exciting
journey
.

Incorporation of Atlantic Trade and the development of consumer goods distribution

Launch of Montana

Acquisition of Cedevita

Acquisition of Neva

Acquisition of Haleko

Listing of Atlantic Grupa at the Zagreb Stock Exchange

Acquisition of Droga Kolinska

Acquisition of Foodland

Timeline

2015.

Аквизиција на компанијата Foodland, прехранбена компанија специјализирана за производство на домашни производи од овошје и зеленчук

2014.

Аквизиција на компанијата Prodis, дистрибутивна компанија во Словенија и Хрватска

2013.

Воспоставување соработка со Unilever

2010.

Аквизиција на Drogа Kolinskа, регионална прехранбена компанија
Аквизиција на Kalničkа voda Bio Natura

2008.

Аквизиција на низа аптекарски установи и формирање на водечки приватен аптекарски ланец во Хрватска – Farmacia

2007.

Вклучување на Atlantic Grupа на Загрепската берза
Аквизиција на компаниите Fidifarm/Dietpharm, водечки производители на витамини и додатоци на прехраната
Аквизиција на Multivitа, водечки српски производител на инстант витамински напитоци
Аквизиција на Vičiški komerc, еден од водечките македонски дистрибутери

2006.

Преземање на компанијата Sports Direct во Обединетото Кралство

2005.

Аквизиција на Halek, водечки европски производител на храна за спортисти (денешен Multipower)

2004.

Аквизиција на компанијата Interchem Zagreb, производител на козметика меѓу чиишто производи е Melem, универзален заштитен крем

2003.

Аквизиција на Nevа, водечки производител на козметика во Хрватска

2002.

Основање на Atlantic Grupа

2001.

Аквизиција на Cedevitа

1998.

Лансирање на Montanа, првиот хрватски конфекциониран сендвич за широка дистрибуција

1997.

Вложување во дистрибутивниот систем Ataco во Босна и Херцеговина

1991.

Основање на Atlantic Trade и развој на дистрибуција на стока за широка потрошувачка

And salute
the crew
that got us
here.

Emil Tedeschi

President and CEO

Zoran Stanković

Finance

Neven Vranković

Corporate Activities

Lada Tedeschi-Fiorio

Bussines Development and Strategy

Srećko Nakić

Distribution

Enzo Smrekar

Strategic Business Units
Savoury Spreads & Donat Mg

ПОГЛЕДНЕТЕ КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Членови на Стратешкиот деловен совет, освен членовите на Управниот одбор, се следните:

Емил Тедески
Претседател на Управата на Атлантик Група

Невен Вранковиќ
Потпретседател на Групата за Корпоративни активности

Зоран Станковиќ
Потпретседател на Групата за Финансии

Лада Тедески Фиорио
Потпретседателка за Деловен развој и стратегија на работење

Звонимир Брекало
Главен управител на СРП Пијалаци

Бојан Клариќ
Постар извршен директор за Развој на дистрибутивното работење

Среќко Накиќ
Потпретседател за Дистрибуција

Мирослав Петриќ
Постар извршен директор за Корпоративно управување со клучните сметки

Андреј Беле
Главен управител на СРП Кафе

Ензо Смрекар
Главен управител на СРП Деликатесни намази

Сања Шагуд
Главен управител на СРП Здравје и нега

Матјаж Водопивец
Главен управител на СРП Слатко и солено

Мојца Домитер
Извршен директор за Корпоративно управување со човечки ресурси

Данијел Банек
Извршен директор за Централна набава

Синиша Ресановиќ
Извршен директор за Корпоративно управување со квалитетот

Ивица Мишетиќ
Главен секретар

Драгомир Костиќ
Главен управител на СДП Србија

Богдан Словник
Главен управите на СДП Словенија

Крешимир Старчевиќ
Постар извршен директор за Корпоративни правни работи и управување со инвестиции

Младен Пејковиќ
Постар извршен директор за Деловен развој, стратегија и информациска технологија

Славен Ромац
Главен управител за СДП Хрватска

Миливој Либрењак
Главен управител за Глобално управување со мрежата на дистрибутери

Миранда Младин
Извршен директор за Централен маркетинг и иновации

Once a local
distributor, now
we're all over
the globe.

ВРЕДНИТЕ ПЧЕЛИЧКИ – ДОМА И ВО СТРАНСТВО

Атлантик Група е хрватска мултинационална компанија составена од 10 фирми и претставништва, како и 16 производствени погони во 5 земји. Исто така, одлични сме во превозот и испораката, па ги испорачуваме своите производи од 17 дистрибутивни центри на повеќе од 40 пазари низ светот.

Производите на Атлантик Група се високо пласирани во Русија, во регионот на ЦИС и во земјите на Западна Европа, со угледните регионални бендови како што се Argeta, Donat Mg, Cedevita и Bakina tajna.

СРП кафе

Изола, Словенија (Barcaffe)
Белград, Србија (Grand kafa)
Главичице, БиХ (Grand kafa)
Скопје, Македонија (Гранд кафе)

СРП ПИЈАЛАЦИ

Апатовец, Хрватска (Kala, Cedevita)
Загреб, Хрватска(Cedevita)
Рогашка Слатина, Словенија (Donat Mg, Cockta)
Паланачки Кисељак, Србија (Karađorđe)

СРП ДЕЛИКАТЕСНИ НАМАЗИ

Изола, Словенија (Argeta)
Сараево, БиХ (Argeta)
Загреб, Хрватска (Montana)
Игрош, Србија (Bakina tajna)

СРП СЛАТКО И СОЛЕНО

Белград, Србија (Štark)
Љубовија, Србија (Štark)

СРП ЗДРАВЈЕ И НЕГА

Загреб, Хрватска (Dietpharm)
Мирна, Словенија (Bebi)

To manage
all of this,
we need to
run a tight
ship.

ОРГАНИЗАЦИЈА

Работењето на Atlantic Grupа организирано е преку пет стратешки деловни области СДО Пијалаци, СДО Кафе, СДО Слатко и солено, СДО Деликатесни намази, СДО Фарма, и Деловната област (ДО) Donat MG.  
Дистрибуцијата е организирана преку шест дистрибутивни области и глобалното управување со мрежата на дистрибутери.  

Корпоративните функции за поддршка обезбедуваат примена на единствени корпоративни стандарди и потранспарентно и ефикасно работење на ниво на целата компанија. Корпоративните функции за поддршка имаат централна организација и во зависност од функционалната област што ја опфаќаат, даваат поддршка за целокупниот бизнис и развој на Атлантиц Група.

Стратешките корпоративни функции за поддршка се поделени на:
• Корпоративни активности,
• Финансии, набавка и инвестиции,
• Корпоративна стратегија и развој,
• Трансформација и информатичка технологија

Now grab the
wheel and
explore a brand
new world.

Coffee

Savoury
spreads

Snacks

Beverages

Pharma and
personal care

КАФЕ

Реномираните брендови како што се Barcaffè и Гранд Kaфе се присутни на пазарите во Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска и Црна Гора и имаат импресивни водечки позиции на пазарите во регионот. Високиот степен на препознатливост, квалитетот, традицијата и високиот удел на клучните пазари ги прави брендовите на ова деловно подрачје исклучително вредни.

BONITO

Bonito е најмлада стоковна марка во изборот на кафињата на Атлантик во сегментот на т.н. „паметно купување“.

BARCAFFÉ

Еден од најпознатите регионални брендови кој содржи извонредна мешавина кафе. Оваа приказна за успехот започнала во 1970. кога Barcaffè се појавува во продавниците и станува вообичаен подарок кој се подарува кога се оди на гости, но и производ кој мора да го има секое домаќинство; 7 од 10 словенечки љубители на кафе го започнуваат својот ден со филџан кафе Barcaffe.

ГРАНД KAФЕ

Ова кафе го стекнува својот авторитет на грандиозно кафе , а концентрирано е на пазарите во Србија, Босна и Македонија. Гранд Кафе го започнува својот пат во 1990-тите во Белград како прв српски бренд на традиционално кафе во приватна сопственост. Откако е покренато, Гранд Kaфе е доминантно на домашните пазари на кафе, стекнувајќи ја довербата на милиони љубители на кафе во регионот.

ДЕЛИКАТЕСНИ НАМАЗИ

Деловно подрачје во кое главна ѕвезда е Argeta, деликатесен намаз којшто се произведува исклучиво од зачинето чисто месо од риба и живина. Развиена во регионот на Југоисточна Европа во изминатите 5 години стана неизоставен дел од секое домаќинство. Argeta постигна неверојатен успех во Австрија, Германија, Шпанија, а недамна и во регионот на CIS. Оваа линија производи исто така ги вклучува и сендвичите Montana.

ARGETA

Врвен деликатесен намаз за сите прилики којшто доминира на пазарот во регионот на Југоисточна Европа и остварува исклучителни резултати на пазарите во Западна Европа. Argeta Junior е асортиман намази посебно произведен за најмладите потрошувачи, гурманската линија намази е создадена под брендот Argeta Exclusive . Приготвени по посебна рецептура од најдобрите парчиња месо со неколку зачини, овие намази се првокласен вкусен специјалитет.

MONTANA

Montana, бренд на сендвичи број 1 во Хрватска и бренд на триаголен сендвич број 1 во Словенија. Десетте извонредни и супервкусни вкусови на овие сендвичи ги прават вкусен и хранлив оброк во движење.

GOURMET     

Gourmet стана посебно деловно подрачје во 2015., после успешната аквизиција на компанијата Foodland Company. Компанијата  Foodland Company е основана  1998. со седиште во Белград, а производниот погон се наоѓа во подножјето на Копаоник, еколошки сочувано подрачје кое е исклучително богато со зрнесто овошје. Во 1999. година создаден е брендот Amfissa, а развојот на брендот Bakina Tajna започна во 2003. година. Во духот на традиционалната кујна на нашите баби, производите Bakina Tajna се подготвуваат на домашен, природен начин трудејќи се да го сочуваат она најдоброто од плодовите на природата. Широкиот дијапазон на првокласни производи е групиран во неколку категории: Ајвар, Џемови и пекмези, Домашни слатка и 100% Овошни сокови и сокови од зеленчук.

СЛАТКО И СОЛЕНО

Без разлика дали сакате слатко или солено, ова работно подрачје ќе ви пружи совршени грицки во секоја прилика и во секој момент. Нашите брендови Štark- Najlepše Želje, Smoki, Prima, Bananica i Sweet уживаат голема популарност и имаат водечка позиција во регионот на Југоисточна Европа.

NAJLEPŠE ŽELJE

Овие чоколатца имаат безброј дополнителни формули кои овозможуваат широк обем на вкусови, а се произведуваат исклучително од природни состојки. Najlepše želje се состои од 42 различни варијанти производи, поделени во неколку поткатегории. Неверојатно привлечни за љубителите на чоколадо, неодоливо забавни за децата, а вредна состојка за готвачите – Najlepše želje може да послужат како прекрасен десерт, серотонинска инјекција и совршен подарок.

BANANICA

Овој славен чоколаден пенест десерт е производ со традиција од 50 години којшто и понатаму ја ужива довербата на голем број потрошувачи како единствена изворна Bananica. Се произведува од висококвалитетни природни состојки и обвиена е со чоколаден намаз кој содржи 54% какао со додаток на агар.

SMOKI

Создаден 1972., Smoki е првиот флипс произведен во Југоисточна Европа. Единствениот вкус на Smoki го направи најдобар флипс и еден од најпрепознатливите брендови во прехранбената индустрија. Smoki се произведува од пченкарно брашно со врвен квалитет, свежо печени кикирики и растително масло, без адитиви. Популарноста на производот зборува за себе, а Smoki стана генерички назив за цела категорија на флипс.

ПИЈАЛАЦИ

Атлантик Група е истакнат регионален производител на пијалаци – потрошувачите ги препознаа и ги ценат брендовите Cedevita, Multivita, Cockta, Donat Mg и Kala во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.

CEDEVITA

Cedevita е синоним за најомилениот витамински инстант напиток и витамински бонбон. Cedevita почна како витамински додаток на прехраната, но набргу стана најомилен инстант витамински напиток кој се консумира во домаќинствата. Преку иновација на амбалажата, ја проширивме присутноста на Cedevitа во кафулињата и овозможивме уживање во Cedevitа во движење со специјалното Cedevita капаче.

COCKTA

Cockta е најпопуларниот безалкохолен пијалак во поранешна Југославија. Изворно произведена во 1950-тите, а тајната на единствениот вкус лежи во мешавината од единаесет видови билки, со посебна арома на шипка и свежина на вкусот на лимон и портокал.

DONAT Mg

Природна минерална вода со највисоко ниво на магнезиум во Европа која помага при потешкотии со опстипација, горушица, грчеви во мускулите, умор, стрес итн. Повеќе од 400 години оваа природна минерална вода е темел за терапија во лекувалиштето Рогашка Слатина. Карактеристичната композиција на минералите ја прави Donat Mg единствена во целиот свет.

ВОДИ

Атлантик Група е регионален играч на пазарот со води, со производни погони во Словенија (Рогашка Слатина), Хрватска (Апатовец) и Србија (Паланачки Кисељак) и со препознатливите брендови Tempel, Kala, Kalnička i Karađorđe.

ЗДРАВЈЕ И НЕГА

СРП Здравје и нега вклучува три комплементарни и комплексни деловни активности:

  1.  Специјализирани продавници со медицински производи – ланец аптеки Farmacia
  2.  Компанијата Fidifarm со прехранбените додатоци Dietpharm и производите Fidifarm кои се продаваат без рецепт
  3. Беби – висококвалитетна храна за деца

Сите три деловни активности се посветени на развој на силни брендови и одлично искуство на потрошувачите, како и пружање можност за здрав животен стил на нашите потрошувачи во сите прилики.

ДОДАТОЦИ НА ПРЕХРАНАТА

Dietpharm е регионален лидер за додатоци на прехрана и витамински производи. Линијата производи проширена е со различни производи кои се продаваат без рецепт во рамките на брендот Fidifarm. Dietpharm нуди широка линија на производи, кои се резултат на внимателно одбраните состојки, напредната технологија и највисоките стандарди, сè во согласност со најстрогите европски и глобални барања.

Беби

Беби производите достапни се во 5 категории: житарици, инстант млечна формула, чај, бисквити и вода. Житариците се главна категорија и нудиме широк асортиман на Беби житарици за добро избалансирана и здрава исхрана за бебиња, асортиман на производи кои се темелат на 37 годишна традиција и квалитет. Зависно од рецептурата, Беби житариците можат да се подготвуваат со вода, мајчино млеко, IMF или млеко. Квалитетот и безбедноста на храната се особено важни за бебињата, па поради тоа Беби житариците се подготвуваат само од природни состојки и се користат само висококвалитетни сировини за Беби храна. Додатоци на млеко, немлечни и ниско алергенски додатоци за вкус можат да се најдат во нашите линии.

Систем за квалитет

Квалитетот е клучот кој го следиме во создавањето и подршката на брендовите. Затоа, не е ни чудо што Атлантик може да се зајакнува со врвните брендови во категоријата на брзо движечки стоки во регионот.

We don't just
distribute,
we deliver.

ИСПОРАКА ОД 1991.

Атлантик Група е водечки дистрибутер на висококвалитетни производи за широка потрошувачка во Југоисточна Европа, со брендовите коишто се регионални и глобални лидери во своите категории. Нашиот дистрибутивен асортиман постојано се проширува. Освен што ги дистрибуираме сопствените брендови, Атлантик Група е ексклузивен или овластен дистрибутер на угледните меѓународни компании брендови на различните пазари во регионот како што се: Alkaloid, Beam Suntory, Bic, Del Castello, Duracell, Ferrero, Hipp, Ilirija, Italfood, Jan Spider, Johnson & Johnson, Mars, Rauch, Sab Miller, Schwartau, Sofidel Group, Stock International, Unilever, Vitamin Well, Vivera. Нашите стратешки дистрибутивни подрачја вклучуваат искусни стручњаци во управување со клучни сметки, управување со категории производи, управување со снабдување на ланците и трговски маркетинг.

Brands

Кој е првиот производ што го продала Атлантик Група?
Колку чаши Cedevitа приближно се консумираат секоја година?
Barcaffè има магента амбалажа, но тоа е резултат на грешка. Каква боја требало да биде амбалажата?
Квизовите не се Ваша шоља чај, зар не?
So, where do I fit in
this ocean, you ask?
Don't worry, we've got
your Atlantic journey
planned out.
Opportunity to be chosen.

МОЖНОСТ ЗА ДА БИДЕШ ИЗБРАН

Во рамките на оваа програма се развива и промовира автентичен employer бренд кој убедливо ги претставува Aтлантиковата визија, мисија и вредностите и обезбедува Atlantic да се смета за прекрасно место за работа. Овие активности застапени се од првиот состанок со огласите за работа, преку процесот на аплицирање, избор и преговарање со новите соработници за придружувањето.

Tука се и програмите Talent Acquisition, со кои се привлекуваат нови таленти во системот и Atlantic Tag – со кој се управува со системот препораки за потенцијалите и идните вработени во компанијата.

Привлекување таленти

Регрутирањето и изборот на вработените се клучен дел на централните активности кои го чинат темелот на управувањето со човечки ресурси. Тие често го чинат важниот дел од работата на управителот на човечките ресурси, како и стручњакот за човечки ресурси.

Кога станува збор за потребите за вработување врз основа на описот на работата и целниот профил на кандидатот, регрутерот и управителот за вработување договараат пристап за пронаоѓање кандидати и соодветен збир критериуми за избор на кандидатот. Давањето точни информации на членовите на тимот за вработување во текот на изработката на планот за регрутирање може да му помогне на тимот  побрзо и подобро да донесе одлука за избор на кандидатот.

Стручњаците за привлекување на таленти сфаќаат дека секој потенцијален вработен може да понуди нешто вредно. Исто така, градат односи со најдобрите кандидати што доведува до успешно вмрежување, повеќе потенцијални кандидати за секое работно место, зголемување на работата и неверојатна размена на искуства, знаења и информации.

Привлекувањето квалитетни кандидати е постојан циклус на процесот којшто започнува со изградба на брендот на работодавачот и траен однос со целните сегменти на потенцијалните вработени. Ваквиот пристап доведува до развој на база на голем број потенцијални кандидати и на тој начин се создава одржлив ланец на снабдување со таленти.

Препорака на кандидати

Тимот за регрутирање на Атлантик Група чита околу 90.000 биографии годишно и вработува околу 700 нови колеги. Земајќи ја во предвид динамичната статистика, која вклучува вработување на околу 2 нови вработени секој ден, кога е во прашање процесот на регрутирање, секогаш претставува предизвик да се дадат повратни информации на секој поединечен кандидат којшто сте го мотивирале или препорачале за одредено работно место. Ако сте проследиле извонредна биографија во Одделот за човечки ресурси, но никогаш не сте добиле одговор за Вашиот препорачан кандидат или едноставно не сакате постојано да прашувате за постапката за вработување на Вашиот кандидат – го претставуваме новиот додаток на Порталот за пронаоѓање кандидати којшто го води нашиот Оддел за човечки ресурси, а се вика „Можност за осигурување одлична компанија“.

Кога и да препорачате кандидат којшто веќе се пријавил за работно место или изработил профил во нашата база на потенцијални кандидати, всушност станувате дел од нашиот тим за човечки ресурси со давање своја помош во препознавање на најдобриот кандидат за одредено работно место. Вашето мислење претставува вреден извор на информации за Одделот за човечки ресурси, како и за управителите за вработување и го доживуваме како дополнување на вообичаените алатки кои ги користиме во процесот на пронаоѓање кандидати и вработувања.

Атлантик програма за наградување на препораките за добри кандидати

Кога е во прашање привлекувањето нови лица за базата на потенцијални кандидати или за моментално распишаните огласи за вработување, со своите препораки станувате проширен дел на тимот за човечки ресурси и автоматски учествувате во програмата за наградување за препорака на добри кандидати. Земајќи во предвид дека Вашиот кандидат не би се пријавил за работното место без Ваш ангажман, остварувате можност за парична награда. Секогаш кога вработуваме кандидат којшто сте го препорачале и тој остане во компанијата барем 6 месеци, ќе бидете наградени со парична награда. Но таа награда вреди само за таканаречените критични позиции. Под критични позиции се подразбираат они позиции кои се дефицитарни на пазарот на трудот и за коишто имаме потешкотии при пронаоѓање соодветни кандидати со потребните компетенции по пат на редовен начин на вработување.

Со оглед на тоа дека нашите вработени имаат единствена можност навистина да ги разберат квалитетите и способностите коишто треба да ги има успешно вработениот во нашата компанија, оваа програма за препорачување кандидати има за цел пронаоѓање соодветни кандидати за клучни позиции. Со препорачување на кандидат за нашата талент база, Вие значително придонесувате во постојаната потрага по најдобри и најспособни кандидати.

Opportunity to be involved.

ДА БИДЕШ ВКЛУЧЕН

Се работи за навремено обезбедување на сите алатки кои овозможуваат самостојно работење и ефикасност на новите колеги од првиот работен ден. Во него се создаваат програми кои овозможуваат како функционална адаптација, така и социјална интеграција во заедницата на Atlantic. StartA, Welcome book и On boarding како програми за теоретско и практично запознавање со компанијата се дел од оваа програма.

Вклучување

Овде сме за да Ви дадеме алатки, ресурси и знаење кои Ви се потребни за да станете успешни и продуктивни по пат на широк дијапазон активности кои сте ги добиле како дел од својот Пакет за добредојде, но целиот процес трае додека не станете потполно самостојни или до крајот на периодот на пробното вработување.

Индивидуалната програма за вклучување е подготвена посебно за секој нов вработен кој се придружува на Атлантик Група. Преку индивидуални состаноци ќе Ве запознаеме со останатите колеги, со клучните лица за контакт и секторите во компанијата со кои тесно ќе соработувате.

Ова ќе Ви даде појасен увид во операциите на Атлантик и останатите оддели, особено кога се преклопуваат со Вашиот оддел.

Обиколката на производните погони дава можност за увид во тоа како се произведуваат одредени производи и разбирање на процесот на нивниот развој.

Останатите можности вклучуваат проверка на продавниците со нашите продажни претставници затоа што тие Ви даваат увид во тоа како се продаваат нашите производи и се добар темел за планирање на Вашите активности.

Програма за обука StartA

Во рамки на првите неколку месеци, тимот за вклучување Вам и на другите нови вработени ќе ви даде обука преку дијалог со постарите колеги. Програмата за обука StartA е осмислена за да ви даде практични насоки и да ве запознае до компанијата преку дијалог со постарите колеги.

Ѕид со фотографии на новите вработени

За да го решиме предизвикот на запознавање на веќе вработените со новите членови на нашата заедница, ги поврзуваме преку ѕид на фотографии на новите вработени, којшто гo поставуваме во Белград, Љубљана и Загреб. Поставени на места каде што се движат голем број од вработените, како што се кафулињата, овие ѕидови овозможуваат запознавање со новите вработени на индивидуален и неформален начин, со што го придвижуваме вмрежувањето и социјализацијата со колегите.

Кодекс на облекување

Како корпорација која  настојува да излезе од вообичаените рамки, да ги искористува приликите и да создава можности, Атлантик Група осмисли нов кодекс на корпоративно облекување којшто одговара на нејзиниот профил и којшто на нејзините вработени им дава можност да се облекуваат поавтентично.

Накратко, прифативме нов кодекс на облекување кој не е сличен на вообичаените деловни кодекси на облекување (како што е формален, деловен неформален, неформален и сл.), па одлучивме да го наречеме Примерен кодекс на облекување. Начелно можеме да кажеме дека новиот кодекс на облекување може да се опише како помалку строг од традиционалното деловно облекување, но не нужно секогаш. Тој, пред сè, зависи од приликата. Едноставно правило е – облекувајте се уредно во согласност со деловните околности, имајќи го на ум окружувањето и лицата со коишто ќе се сретнете во текот на вашиот работен ден. Главна цел е да се биде облечен во согласност со приликата.

Одлучивме да го опуштиме кодексот на облекување затоа што сакаме нашите вработени на работа да се чувствуваат удобно и слободно да се изразуваат преку својот избор на облека; сега секој ден на работа претставува можност да оставите добар впечаток –  да се облекувате професионално, но индивидуално и, во зависност од ситуацијата, полежерно.

Изгледот на нашите канцеларии ни е важен, а треба и Вам да ви биде.

СОЗДАВАЊЕ ДОБАР ИМИЏ

Нашите канцеларии се дел од имиџот на нашата компанија и затоа треба да се одржува уредност и професионализам, во комбинација со специфичниот стил на лицата кои работат во неа.

Се претпоставува дека вработените на работното место доаѓаат потполно подготвени за работа. Во случај кога вработениот мора да го напушти своето работно место во текот на работниот ден, за тоа мора да го извести својот надреден. Вршење работи за сопствени потреби или за трети лица и слични активности, во компанијата се строго забранети. Исто така, пушењето е забрането во просториите каде што тоа е наведено. Консумацијата на алкохол и дрога се исто така строго забранети.

Opportunity to be exceptional.

ДА БИДЕШ ИСКЛУЧИТЕЛЕН

Како помош на вработените да го реализираат својот целосен потенцијал, да ја подобрат својата работна ефикасност и да инвестираат во вештини, знаења и однесувања додека растат и се развиваат – се грижи за програмите кои ги едуцираат Атлантиковците на работното место, но и надвор од него.

Разните развојни програми како што се Leader Lab, Functional Lab, Talent Lab и My Lab и другите развојни и тренинг програми; OPP програми и управување со кариера – ги покриваат развојните процеси во Atlantic.

LEARN @ ATLANTIC

[email protected] е колективен назив за сите развојни активности во Атлантик Група, а сите програми кои ги вклучуваат се развиени за поединечни групи и специфични потреби за развој. Целиот концепт вклучува четири подрачја.

Со оглед на тоа дека развојот на повеќето вработени се одвива на самото работно место, важно е секој вработен да преземе активна улога, да размисли за вештините и знаењата кои сака да ги усвои и да одбере можности за развој коишто ги нуди нашиот Океан. Значи, не двоумете се да го контактирате својот тим за привлекување кандидати и развој за да добиете совети кои Ви се потребни во врска со развојот. Во меѓувреме, редовно проверувајте го HR.net – Modul Moj Razvoj и пријавете се за отворените програми за обука и активности кои одговараат на Вашите интереси.

Управување со кариерата (Панели за организација и вработени)

Атлантик Група придава голема важност на управувањето со кариерата на вработените. Процесот се спроведува преку Панели за организација и вработени – кои ги вклучуваат управителите, кои на состаноците расправаат за способностите на организацијата и вработените, можностите за кариера и за сукцесивните планови. После состанокот на панелот, секој вработен ќе прими повратни информации и дополнителни насоки за индивидуален развој.

Програма за размена

Програмата за размена на вработените во Атлантик Група е осмислена за олеснување на размената на вработените за да можат младите и средно старо вработените да стекнат нови искуства, нови контакти и да развијат нови компетенции. Програмата трае 2 работни дена, а целта е соработка со другите FMCG компании во секторот на потрошувачки производи. Бенефиции од програмата вклучува саморазвој, вмрежување, разбирање на идеи и учење за другите деловни перспективи.

Приправници кои неодамна дипломирале

Програмата за приправници кои неодамна дипломирале е програма за неодамна дипломирани млади лица без искуство кои имаат потенцијал да станат идни лидери или професионалци на високи позиции. Програмата трае година дена и во текот на тој период приправниците имаат можност да се запознаат со различните функции/бизниси, да работат во секторот и да водат деловен проект. Исто така, учествуваат во формалните програми за обука и добиваат поддршка од менторот и од Одделот за човечки ресурси. По крајот на програмата, приправниците се оценуваат и врз основа на тие резултати можат да станат вработени на неодредено време во АГ.

Програма Adventure

Програмата Adventure е меѓународна програма за развој на млади стручњаци и менаџери. Во тек на 12 месеци, учесниците во програмата имаат прилика да ги развијат своите компетенции во подрачјето на разбирање на работата, тимската работа, управувањето со проектите, јавните презентации, финансии итн. Освен формална обука, исто така може да стекнат практично искуство преку учество во стратешки деловни проекти во меѓународниот тим со поддршка на менторите кои се врвни раководители и стручњаци од целата Атлантик Група.

Opportunity to be successful.

ДА БИДЕШ УСПЕШЕН

да бидеш успешен значи да бидеш одговорен за својата работна изведба, да ги планираш и ревидираш своите кариерни цели, да даваш повратна информација во рамките на својот тим и притоа да постигнеш транспарентен и наменски процес на напредок. Да се биде успешен се спроведува преку програми за управување со ефективноста- U3 и тнр. Real time blitz feedback давање на повратни информации на колегите во тимот.

Управување со успешноста во АГ

Управувањето со успешноста е процес којшто е ориентиран на луѓето и на партнерството со вработените.

Во управувањето со успешноста, АГ сака да го спои успехот на поединечните вработени со успехот на компанијата преку балансирање на целите на организацијата, одделите и поединците, како и со подобрување на ефикасноста на поединците и тимовите. Системот на управување со успешноста е фокусиран на резултатите, флексибилен е и прилагодлив во однос на специфичните аспекти на деловните операции и работните места:

  • Годишна постапка на управување со успешноста преку образец U3 (за наградување и ненаградување на вработените)
  • Месечни или тримесечни оцени на успешност (продажба, производство, логистика)
  • Оцена на учествување во проект (стратешки корпоративен проект)

Затоа Атлантик Група има воспоставено систем за управување со успешност врз база на следните предуслови:

  • Одговорноста за резултатите мора да биде јасно доделена и мора јасно да се разбере
  • Процесот на управување со успешноста мора да даде корисни информации кои го чинат темелот за донесување деловни одлуки
  • Индивидуалниот развој, надоместоците и бенефициите, наградите и признанијата мора да бидат споени во еден систем за осигурување на успехот
  • Процесите на управување со успешноста мора да бидат од позитивна природа и да го поттикнуваат подобрувањето и развојот

Со процесот управуваме преку порталот HRnet selfservice.
За да ги опфатиме сите аспекти на еден поединец, целите се поделени во три категории:

  • Деловни цели
  • Цели на деловен развој или деловни процеси
  • Цели во врска со вработените

Факторот на важност на одредена категорија цели зависи од систематизацијата на работните места.

Повратни информации во реално време

Клучната намена на повратните информации во реално време е можноста за активно барање повратни информации од вашиот надреден или од водителот на тимот/проектот од сопствениот или од другите оддели со кои сте работеле на заеднички задачи или проекти. Со активно и постојано барање повратни информации обезбедувате постојан личен развој и подобрување на успешноста.

Opportunity to be
well.

ДА БИДЕШ ДОБРО

Сите ние имаме за цел да бидеме добри – во домот и на работното место. Да бидеш добар и да ги следиш своите добри животни навики и во работната средина, со работодавач кој го поддржува. Atlantic Група му помага на својот вреден персонал да усвои здрави навики, да се занимава со омилениот спорт, да врши превентивни систематски прегледи, да ги избалансира денот, неделата, годината.

Atlantic Body, Atlantic Mind, Atlantic Soul и Atlantic Spirit– се програми кои ги поддржуваат овие акции и кои се насочени и на физичкото и на менталното здравје на Атлантиковците. Овие програми Ве прашуваат како сте, дали сте биле на лекар, дали спортувате, дали ја поттикнувате својата креативност и дали знаете на крајот на краиштата дали сте задоволни со сето тоа.

Atlantic Body

Програмата Atlantic Body е фокусирана на здравјето и освестувањето на здравиот животен стил. Сакаме да дадеме основна поддршка за здравјето на сите вработени на сите локации, но и да придонесеме за промените со овозможување дополнителни погодности. Програмата Atlantic. Во Atlantic Body се вклучени: бесплатните систематски прегледи за сите вработени, спортските клубови и спортскиот викенд.

Лекарски прегледи

Почнувајќи од 2017. на источните пазари и од април 2018. на западните пазари секои  две години организираме задолжителни лекарски прегледи за сите вработени на Атлантик.

Спортски клубови

Спортските клубови се дел од програмата и претставуваат идеален начин за траен облик на рекреација и забава преку одредени спортови. Вработените може да го покажат својот спортски дух со зголемување на бројот на клубови и нивните членови секоја година и со учество во различни натпревари и турнири во регионот во којшто ја претставуваат Атлантик Група и брендовите на компанијата.

Дел од програмата се  и големите корпоративни спортски случувања , таканаречени „Спортски викенди“ кои се организираат секоја година. Сите  вработени во Атлантик Група може да се пријават и да се натпреваруваат во различни тимски или индивидуални спортови, а во текот на учеството во спортските случувања подршка им пружаат колегите.

Освен спортските клубови и Спортскиот викенд, тимот Atlantic Body and Mind редовно организира дополнителни активности, проекти, програми за обука и работилници коишто ги поттикнуваат вработените да се бават со физички активности и да усвојат навики на здрав животен стил.

Atlantic Mind

Целта на иницијативата во рамките на програмата Atlantic Mind е да пружа знаење и вештини неопходни за развој на подобар, поквалитетен животен стил кој дава секојдневно задоволство и осигурува долготрајна одржливост.

Лични финансии

Здрава исхрана

Atlantic Soul

Креативноста и одговорноста се две клучни вредности кои одлучивме да ги поттикнуваме и да им помагаме на нашите вработени да ги развиваат своите таленти или да учествуваат во добротворна работа. Програмата Soul се состои од следното:

  • Поддржување на добротворна работа
  • Поддржување на креативност

Ден на вредноста

Денот на вредноста на Атлантик Група е заедничка активност која ја организираме од 2012. Секоја година на овој ден, колегите од сите пазари се собираат за да учествуваат во активностите кои ги претставуваат нашите вредности: страст, раст и креативност. Позитивната енергија, тимскиот дух и воопшто доброто чувство, ги поттикнуваат колегите од различните пазари да остават позитивна трага во своите заедници преку меѓусебна соработка и добротворни активности (како што е донирање крв и чистење јавни површини). Денот е наменет за промовирање на вредностите на компанијата преку волонтерска работа на вработените.

Освен Денот на вредноста, вработените може да бидат уклучени во добротворни активности во текот на целата година.
Вработените ќе имаат можност да се бават со добротворни активности кои се промовираат на Денот на вредноста во текот на целата година. Компанијата ги поддржува таквите активности со овозможување на следното:

  • Слободни денови: за секои 2 дена добротворна работа, компанијата на вработениот му дава 1 дополнително платен слободен ден за дополнителна работа (макс. 5 дена годишно)
  • Донации: за одбрани потреби (добротворни здравствени, образовни & проекти за заштита на околината) – во размер 50:50 (ако вработениот донира 10 EUR, компанијата ќе донира дополнителни 10 EUR) со максимални 200,00 EUR годишно
  • Добротворните проекти се дефинираат во согласност со добротворните активности на нашиот Ден на вредноста

Солидарност

Помош во моментите на предизвици – подготвивме единствена политика за солидарна помош, со којашто ги дефинираме минималните стандарди за солидарна помош за вработените.
Ова вклучува парична помош за следните ситуации:

  • Парична помош за семејството за смртен случај на вработен
  • Парична помош за вработениот за смртен случај на близок член од семејството
  • Парична помош за вработениот за време на боледување или во случај на настапување на инвалидитет

Парична помош за отстранување на последиците од природни непогоди или поголеми штети на имотот на вработениот

Creative impulse

Creative Impulse ја потткинува креативноста како една од трите Атлантикови вредности, која е важен дел од нашата секојдневна работа и претставува ветар со чија помош пловиме кон се што е ново и неистражено. Програмата ги поканува и поттикнува вработените да го споделат своето креативно изразување со публика од 5.000 Атлантиковци и тоа во четири категории:

  • Литературни творби
  • Визуелни творби
  • Изведувачки уметности
  • Останати изведувачки уметности

Сите пријавени творби можете да ги погледнете во галеријата Creative Impulse. Најдобрите од нив се изложени еднаш годишно на изложба во рамките на Атлантик менаџмент конференцијата, а покрај можноста вашите творби да ги презентирате пред познат, интерен аудиториум, ви нудиме можност и дополнително да го унапредите вашиот талент.

Слободен  1. школски ден

Родителската улога на нашите вработени ни е важна, а во Атлантик Ден на семејството покренавме можност нашите вработени (вработени родители) да земат слободен ден за првиот школски ден на своите првачиња.

Atlantic Spirit

Програмата се темели на создавање рамнотежа меѓу приватниот и работниот живот; овозможува флексибилно работно време и место на работа, продолжено платен одмор (тн. Sabbatical) и можност во годишната Анкета за ангажираност да го споделите вашето мислење и на тој начин да влијаете на промените во своето работно опкружување.

флексибилно работно време

Флексибилно работно време значи дека дневното работно време може да почне помеѓу 7.30 – 9.00  часот, a да заврши помеѓу 15.30 – 17.00 ч, што значи дека во оваа временска рамка можете да го извршите 8 часовното работно време.

Овие одредби не се однесуваат на колегите кои работат по смени, на терен, и ако природата на нивната работа не им дозволува работа во флексибилно работно време, бидејќи распоредот на нивното работно време се одредува во фиксно време.

Pаботно време во нееднакво времетраење

Следната опција за Атлантиковците е дека можат да работат еден работен ден во рамките на секоја недела два часа пократко од редовното дневно работно време, а под услов тоа време да го надоместат преку еден или повеќе работни дена во истата недела, со што се постигнува исполнување на редовен неделен распоред утврден со Одлуката за работно време.

Pабота на издвоено место за работа

Кога се работи за работа на издвоено место за работа, тоа подразбира работа од дома или од друга просторија по избор на работникот, а која не е простор на работодавачот. Работата од дома може да се одреди најмногу за четири работни дена во месецот, коишто се користат повеќекратно во времетраење од по еден работен ден.

Одобрение за личен развој

Одобрението на вработените им дава можност под одредени услови за земат шестмесечен одмор за да учествуваат ви стручната програма за обука или во друг облик на личен развој. Програмата се спроведува како дел од системот за развој на човечки ресурси, а има за цел задржување на клучните вработени како и привлекување на нови потенцијални вработени.

Анкета за ангажираност

Ангажираност на вработените е клучен двигател за успехот на организацијата. Ангажираноста во многу нешта се преклопува со посветеноста и лојалноста на вработените на компанијата во која работат, меѓутоа постојат и одредени разлики.  Конкретно, ангажираноста претставува двонасочен пат: компанијата треба да влијае на зголемување на ангажираноста на вработените кои за возврат влијаат на степенот на ангажираноста кон работодавачот.

Opportunity to be recognized.

ДА БИДЕШ ПРЕПОЗНАТ

Овој дел од кругот се обидува да ги препознае поединците како индивидуи, да ги почитува нивната работа и придонесот, и да ја негува културата на одговорност, иницијатива, креативност, со максимална благодарност, прифаќање и транспарентност. Сака да им покаже на сите дека е најдобро кога се свои и дека како такви се почитувани.

Програмите Flex benefit системите, Wind of Change, се само некои од програмите кои ги слават трудот, креативноста, страста и личниот и професионален развој на поединецот.

Ветрови на промената

Во водите на современата економија која е полна со предизвици и постојани промени, кога најдобрите компании препознаени заради својата способност да пронајдат нови пристапи за производство, дистрибуција и однос со клиентите, креативноста е единствена работа која најдоброто го одделува од она што е само добро. Креативноста е клучен дел од успехот, како и главна карактеристика на извонредните поединци и компании. За да се создаде нешто ново, да се  претвори постоечкото во нешто подобро, бара дополнителен напор и сила на волјата. Овие карактеристики мора да се ценат и негуваат.

Секој вработен во Атлантик Група може да учествува и да придонесе за развој на компанијата така што ќе ги дели своите идеи и размислувања, како и со изразување на својата креативност. Своите креативни идеи може да ги поделите преку линкот за делење идеи, без разлика на тоа дали станува збор за иновација на производ или процес, организациска иновација или иновација во маркетинг и продажба.

Opportunity to be related.

ДА БИДЕШ ПОВРЗАН

Секој однос остава трага во својата работна средина, во колегата кој седи до тебе, до оние со кои ги делиш канцеларијата, работните задачи или тимските успеси. Откако ќе оставиш своја трага во Atlantic и ќе посакаш да ја најдеш својата работа од соништата на некое друго место, ги поттикнуваме сите да останат во контакт, како амбасадори на нашата компанија, како пријатели. Затоа преку излезното интервју и Атлантиковата Alumni програма се трудиме да го продолжиме тоа пријателство и на периодот по вработувањето во Atlantic.

Атлантик Alumni клуб

Во Атлантик подготвивме иницијатива за поранешни вработени чија цел е создавање мрежа на поранешни вработени кои ќе ни помогнат во создавање непопречени и структурирани односи со сите оние кои некогаш биле дел од нашата компанија (и кои можеби, никогаш не се знае,  повторно ќе работат за нас). Идејата е со поранешните вработени да ги делиме новите вести за компанијата, за огласите за работни места и за новите иницијативи, како и да ги повикаме да учествуваат во нашите работилници и собири, да бидат меѓу првите кои ќе ги пробаат нашите нови производи и заедно со нашите вработени, да бидат амбасадори на нашиот бренд како работодавач.

Разговор по повод заминувањето

Во текот на разговорот пред заминувањето на вработениот од компанијата, со вработениот разговараме за неговото општо искуство во Атлантик и се обидуваме да разбереме што сме можеле да направиме (во минатото) или би требало да направиме поинаку во иднина за да може да создадеме инспиративно или пријатно работно место за сите вработени. Цениме кога нашите вработени ги следат своите срца и соништа, а кога некој ќе донесе одлука дека сака да ја напушти Атлантик Група, не забораваме на него, туку се трудиме да останеме во контакт и да одржуваме однос на меѓусебна доверба и корист.

Here's just a few tips that
will help you learn the
ropes around here.
We love to
communicate
and have lots of
ways to do it.

КОРПОРАТИВНИ КОМУНИКАЦИИ

Животот ги пишува најубавите приказни и ќе ни биде драго да ја прочитаме Вашата. Поделете ги своите приказни за успех и постигнувањата во Вашиот оддел, новитетите на брендовите или кои било интересни вести така што ќе ги испратите преку [email protected]

Како член на Атлантик Група, Вие сте одраз на нашата компанија и нè претставувате во јавноста. Затоа постои нашиот Оддел за корпоративни комуникации, за да Ви помогне со настапите во јавноста. Секако, прво јавете им се ним пред Вашата следна конференција или настап во медиумите.

Одделот за корпоративни комуникации исто така управува со корпоративниот бренд на Атлантик Група, па контактирајте го кога Ви требаат стандарди за брендот на компанијата, логото, визуелни прикази или тефтерчиња со корпоративниот бренд на компанијата.

We hope you find the
work rewarding and we
will reward your work.
Award system

Се надеваме дека работата со нас Ви е награда по себе, но ние дополнително ќе ја наградиме Вашата работа.

СИСТЕМ НА НАГРАДУВАЊЕ

Своите вработени ги наградуваме често и обилно, во согласност со условите кои превладуваат на домашниот пазар. Редовно собираме податоци од пазарот на трудот, притоа осигурувајќи нашата структура на наградување да остане конкурентна. Наградувањето се спроведува транспарентно, нудејќи ефикасна ориентација, обука и оспособување, коишто даваат можности за наградување и напредување:

  • распоред на соодветни лица на соодветни работни места
  • поставување барања и стандарди, исходи и мерки
  • давање ефикасна ориентација, обука и оспособување
  • давање трајно менторство и повратни информации
  • осигурување ефикасни системи кои вработените ги наградуваат за нивниот придонес
  • давање можности за напредување/развој на кариерата на вработените

Како дел од нашата организација на располагање ќе имате широк дијапазон од програми и погодности.

а. Попусти – Атлантик Група на своите вработени им нуди исклучителни попусти во хотелите, fitness- центрите, wellness-центрите, клиниките и сл. За дополнителни информации во врска со ова посетете ја нашата интранет страница.

б. Дарови за новороденчињата – Кога ќе добиете бебе, ќе овозможиме да го добие сето потребно внимание. Ќе добиете пакет за новороденчиња со различни производи.

в. Подароци за Нова Година – Горди сме на нашите брендови, па ја користиме секоја прилика да уживаме во нив. Затоа на вработените им делиме пакети за Нова Година, кои содржат избор од нашите најдобри прехранбени производи, пијалаци, кафе, козметички производи, како и фармацевтски производи кои се продаваат без рецепт.

г. Спорт – Atlantic Spirit – Сите сме ориентирани на целите, страсни сме и со отворен ум, па би требало да биде очигледно дека обожуваме спорт. Во контакт сме со спортот на секој начин што може да се замисли, а нашата годишна конференција не е исклучок. Навиваме за нашите кошаркари на Cedevita (хрватска A-1 кошаркарска лига).

You’re nearly good to go!
Еден ден во неделата се облекуваме полежерно. Како се вика тој ден?
Која од следните програми не е дел од програмата на Атлантик Група?
Кој е називот на нашата кошаркарска екипа?
Имате да научите уште една до две работи. Но, не грижете се, ќе успеете.
That’s it! Time to make waves.
Check us out on